Општинско основно музичко училиште

Ристо Јуруков

Кочани

Општинско основно музичко училиштето

Ристо

Јуруков

Кочани

ООМУ ‘Русто Јуруков’ претставува современа воспитно-образовна институција во која се негуваат млади музички таленти на возраст од 6 -14 години. Задоволувајќи ја желбата и вкусовите на крајните корисници-учениците, вработените во него перманентно се грижат за неговиот развој.

Една од целите на основното музичко образование е да придонесе во креирањето на детскиот дух и младата детска личност, учејќи ги децата да го препознаваат и вреднуваат убавото.

Пијано

Пијано

Пијано (неформално наречено и клавир) е музички инструмент со клавијатура која содржи 88 (52 бели и 36 црни) клавиши со чие притискање се произведуваат звуци на инструментот.
Повеќе

Виолина

Виолина

Виолината, како солистички и оркестарски инструмент, е најмалиот инструмент во семејството на гудачки (жичени) инструменти каде уште спаѓаат и виолата, виолончелото и контрабасот.
Повеќе

Флејта

Флејта

Флејтата музички дрвен дувачки инструмент, еден од најподвижните и највиртуозните во таа група. Нејзиниот звук настанува како резултат на струење на воздухот низ отворите и е мошне експресивен.
Повеќе

Хармоника

Хармоника

Хармоникате е инструмент наменет за соло и оркестарска изведба. Составена е од три основни дела: лев и десен корпус (на кој се свири со лева и десна рака) и средишен дел кој се вика мев и служи за апсорбирање на воздухот.
Повеќе

Гитара

Гитара

Гитарата е музички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок музиката.
Повеќе

Мисија

Во нашето училиште откриваме, негуваме, образуваме и воспитуваме млади музички таленти. Развивајќи љубов кон музиката придонесуваме за општиот културен развој во средината.

Play Video

Деветгодишна

Деветгодишната програма се реализира паралелно со редовното основно образование односно запишувањето во музичко училиште се врши во истиот момент кога се врши и запишување во редовно основно училиште. Таа ги опфаќа инструментите пијано и виолина. Во првата година учениците го изучуваат само предметот солфеж со елементарна теорија на музиката

Шестгодишна

Шестгодишна програма се реализира заради сложеноста и техничките предиспозиции на инструментите кои ги опфаќа се реализира подоцна од деветгодишната програма. Во неа запишувањето во основното музичко училиште се врши во оној момент кога ученикот ке го започне четвртото одделение од редовното основно училиште.

Визија

Во топла и професионална клима, продолжувајќи го континуитетот на раст и развој, училишниот тим ќе настојува да ја унапреди наставата и да ја зајакне довербата и почитта од окружувањето.

Настани

Посета на министерката Мила Царовска

Основното музичко училиште “Ристо Јуруков“ во Кочани целосно се прилагоди на новите услови и успешно ја продолжува наставата во услови на пандемија. Денес, заедно со

Контакт

Адреса

Љупчо Сантов“ бб (АСНОМ), 2300 Кочани

Контакт

Tелефон/Факс : 033/273-207
Mобилен: 070/346-141

Работно време

ПОН-ПЕТ 07:00 – 18:00
САБ 08:00 – 14:00

Следете не