Почитувани, по пристигнување на Вашата пријава, ќе се појави порака дека пријавата успешно е испратена. Доколку не се појави пораката, Ве молиме контактирајте не на тел. бр. 070 346 141 или на е-маил ristojurukov@gmail.com.
УЧИЛИШТЕТО ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА АУДИЦИЈА!

Уписи

Почитувани родители, наши идни ученици,

започнуваат уписите во ООМУ „Ристо Јуруков“ за учебната 2023/2024 година.

Учениците можат да се запишат:

во деветгодишно основно музичко образование
за инструментите ПИЈАНО и ВИОЛИНА
(ученици кои во учебната 2023/2024 година
ќе бидат прво одделение во основното училиште)
во шестгодишно основно музичко образование
за инструментите ГИТАРА, ФЛЕЈТА, ХАРМОНИКА и ТРАДИЦИСКИ ИНСТРУМЕНТИ (ученици кои во учебната 2023/2024 година
ќе бидат четврто одделение во основното училиште).

Уписот на нови ученици трае до 09.06.2023 година, секој работен ден од 10 до 15 часот, во просториите на училиштето (во спомен домот АСНОМ).

Наставниците Ве очекуваат да Ве научат да го зборувате единствениот светски јазик – музиката.

Потребни документи за упис: копија од извод на родените и секако

ЖЕЛБА ЗА ДРУГАРУВАЊЕ СО МУЗИКАТА.

ПОВЕЛЕТЕ, ВЕ ОЧЕКУВАМЕ