Инструменти

Општинско основно музичко училиштето

Ристо

Јуруков

Целта на наставата по инструмент е на учениците да им се развие љубов кон инструментот и музиката, да се оспособат за изразно солистичко, камерно и оркестарско музицирање, естетско и емоционалнo вреднување на музичките дела поткрепени со музички знаења по однос на нивната содржина и форма.

Учениците стекнуваат знаења, навики и вештини за изведување на музички дела и се оспособуваат за самостојна работа на инструментот. Ученикот се оспособува технички да го совлада инструментот за понатамошно школување во средните и високите музики школи и да се изгради во добар и сестран музички уметник.

Пијано

Пијано (неформално наречено и клавир) е музички инструмент со клавијатура која содржи 88 (52 бели и 36 црни) клавиши со чие притискање се произведуваат звуци на инструментот. Пијаното е еден од најпретпознатливите и најпопуларни инструменти во светот поради што е и наречен „Крал на инструментите“. Служи за повеќе намени како за свирење така и за компонирање поради што многу композитори умееле да свират на овој инструмент.

Зборот пијано е скратена форма од pianoforte, од италијанскиот збор за инструментот. Одделно, двата збора piano и forte значат тивко и гласно што кореспондира со јачината со која изведувачот на инструментот ќе ги притисне клавишитете. Посилно притискање – погласен звук, послабо притискање – потивок звук.

Современите пијана се делат во две основни поткатегории: концертно пијано и исправено (вертикално) пијано.

Овој инструмент во Основното музичко образование се изучува осум години започнувајќи од второ одделение и е опфатен во деветгодишната програма на училиштето.

Виолина

Виолината, како солистички и оркестарски инструмент, е најмалиот инструмент во семејството на гудачки (жичени) инструменти каде уште спаѓаат и виолата, виолончелото и контрабасот.

Виолината се состои од два главни дела: виолина и гудало (лак).

Виолината се состои од кутија (резонатор), која го засилува звукот на жиците.. На кутијата се наоѓа мовче (кобилица) – тенка дрвена штичка, чија функција е да го пренесува треперењето на жиците врз кутијата, а нејзината заобленост на горната страна овозможува свирење на секоја жица посебно. На долниот крај на кутијата жиците се прицврстени со т.н. кордар. Кордарот пак, на долниот праг е прицврстен за едно копче.

Главни делови на гудалото се стап и струни. Стапот претежно е изграден од дрво наречено пернабуко. Ова дрво е силно и флексибилно во исто време, што е главна карактеристика за правење добро гудало. Ова дрво прв почнал да го користи Тоурте, на крајот од 18. век. Струните се направени од обработени коњски влакна, прицврстени на двата краја на гудалото (лакот). Горниот – врв и долниот – жабица.

Неопходно е да се спомене и калафониумот, средството за премачкување на струните, за да се оствари подобар контакт помеѓу гудалото и жиците. Калафониумот се прави од смола.

Флејта

Флејтата музички дрвен дувачки инструмент, еден од најподвижните и највиртуозните во таа група. Нејзиниот звук настанува како резултат на струење на воздухот низ отворите и е мошне експресивен.

Флејти можат да бидат направени од метал (бакар, никел, цинк), од сребро, злато, платина, стакло и синтетички материјали. Нејзиниот трикратен распон ги опфаќа тоновите c1(h)-c4(f4). Се свири со 9 прсти.

Се разликуваат два основни вида на флејти: вертикална или блок флејта, и хоризонтална. Главната разлика е влезниот отвор. Кај хоризонталните тој не се наоѓа на врвот на цевката, туку нешто пониско, странично. Во него се дува откосо за да се формира писка, бидејќи ја нема и се дува во тн. прозорче. Вертикалните флејти ја имаат.

Овој инструмент во Основното музичко образование се изучува шест години и е опфатен со шестгодишната програма. Потребна е соодветна возраст за да се започне со изучување на овој инструмент поради технички предуслови ( држење на телото и екстремитетите, поставување на усникот, прстите и др.)

Хармоника

Хармоникатa е инструмент наменет за соло и оркестарска изведба. Составена е од три основни дела: лев и десен корпус (на кој се свири со лева и десна рака) и средишен дел кој се вика мев и служи за апсорбирање на воздухот. При растегање и затварање на мевот воздухот струи низ столбовите и кабините и при допирот на воздухот со гласниците се добива звук. Инаку, хармониката е еден од најверодостојните следбеници на оргуљите.

Инструментот хармоника го има во неколку верзии и тоа: хармоника со клавијатура, хармоника дугметара и хармоника бутон. Во 1822 година е создадена првата хармоника, а во почетокот на 20 век е создаден инструментот хармоника во оригиналната верзија и со развојот на технологијата така се развива и инструментот.

Гитара

Гитарата е музички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок музиката. Гитарата вообичаено има шест жици, но постојат и гитари со седум, осум, десет, единаесет, дванаесет и осумнаесет жици.

Најраната шестжичена гитара била направена во 1779 година од Гаетано Винасија во Неапол, Италија. Модерните димензии на класичниот инструмент биле воспоставени од Антонио Торес Хурадо кој работел во Севиља во 1850-тите. Торес и Луиз Панормо во Лондон (активен 1820-ти до 1840-ти) биле одговорни за демонстрирањето на супериорноста на тој изглед на гитарата.

Акустичната гитара не е гласен инструмент. Не може да се натпреварува со другите иструменти кои се наоѓаат во групи или оркестри.

Традициски инструменти

Македонските традициски инструменти претставуваат наше национално музичко богатство. Тие се симбол за зачувување на нашата народна музичка традиција и дел од националниот музички фолклор. Преку изучувањето на народните инструменти учениците се запознаваат со македонскиот музички фолклор и народната традиционална музика.
Под поимот традициски инструментиспаѓаат повеќе инструменти и тоа : Тамбура, тапан, кавал, гајда, зурла, дудук, шупелка, двојанка.

Од горе набројаните инструменти во нашето училиште засега се изучуваат инструментите:

Тамбура

жичен инструмент изработен од дрво, составен од три главни делови корпус (тело), врат и глава. Произведува метален, продорен и боцкав звук. Се користи како соло или пратечки инструмент.

Кавал

дрвен дувачки инструмент во форма на цевка отворена од двете страни со богато исцртани орнаменти по целата должина. На него се наоѓаат осум отворинаменети за поставување на прстите на рацете. Звукот му е нежен, топол и пријатен. Горниот крај на инструментот е малку стеснет и со
остар раб. Може да се свири како соло инструмент, во парови или во оркестар на народни инструменти.

Тапан

ударен инструмент направен од дрво, покриен со кожа (во улога на мембрана) од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња. Тапанот се свири со две посебни палки чукало (кукуда) и прачка. Најчесто се изведува во група со други народни инструменти (најчесто
зурли) но, не се исфрла и можноста за негова соло изведба.

„Одличниот уметник е највредното богатство на нацијата“.
Бетовен