За училиштето

Општинско основно музичко училиштето

Ристо

Јуруков

Кочани

Општинското основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ Кочани е основано 1956 година и спаѓа во средно развиени училишта. Во него се опфатени околу 150 ученици, а воспитно-образовната дејност во училиштето ја обавуваат 11 наставници. Иако незадолжително, паралелно со основното образование, нашето училиште постигнува големи резултати на годишно ниво. Во учебната 2018-2019 година се освоени 48 награди на државно и меѓународно ниво. На полето на јавна и културна дејност, постојано сме присутни на музичката сцена во општината и пошироко.

Како едни од позначајни концерти се настапотна хорот во МНТ (2013) на јубилејниот концерт на гудачки камерен оркестар АРКО, двата концерта на училишниот оркестар со солистката Чидем Таштан во Инстанбул и Бурса, Турција (2014), Новогодишен концерт во Лозана, Швајцарија (2014), гостувањата во Сигентсентмиклош, Унгарија (2015, 2017, 2018 и 2019), концерт на оркестарот на Денови на кочанскиот ориз (2015 и 2019), концерт во општина Македонска Каменица (2018).

Државниот просветен инспекторат преку интегралните евалуациии го оцени ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани во осумте најдобри училишта во Република Северна Македонија.

Училиштето денес

Денес, ООМУ ‘Русто Јуруков’ претставува современа воспитно-образовна институција во која се негуваат млади музички таленти на возраст од 6-14 години. Задоволувајќи ја желбата и вкусовите на крајните корисници-учениците, вработените во него перманентно се грижат за неговиот развој.

Една од целите на основното музичко образование е да придонесе во креирањето на детскиот дух и младата детска личност, учејќи ги децата да го препознаваат и вреднуваат убавото.

Ваквата етичка цел сама по себе наметнува критериуми за работа, меѓу кои значајно место имаат работните навики и самодисциплината, талентот, почитта и љубовта кон музиката. Создавањето резултати и градењето имиџ на обаа вослитно-образовна институција значи следење на современите текови кои се чувствуваат во секој нејзин сегмент во квалитетот на знаењето со кое се стекнуваат учениците, во просторно-материјалните услови за работа, а особено во јавните и културни настали

Историја на училиштето

На 9 Април 1956 година, со Решение на Народниот одбор на општина Кочани е основано Нижото музичко училиште “Стефан Мокрањац”.

Организирањето на почетните активности му било доверено на професорот на музика во Гимназијата во Кочани, Ристо Јуруков, диплломец од Загрепскиот конзерваториум. Тој извршил почетно екипирање на наставниот кадар, обезбедил инструменти и ученици. Првите часови биле одржани во просториите на Ловниот дом во Кочани. Во 1969 година, училиштето ја менува локацијта и се сели во соседната зграда, поранешна Полициска станица, во попристојни услови за работа.

Прифатеноста на идејата за стекнување музика наобразба се повеќе растела. Бројот на учениците од година во година се зголемуваат: 1968/69 имало 132 ученика, 1970/71 – 160, 1977/78 – 249 ученици. Училиштето ги произвело и првите генерации свои ученици кои веднаш биле ангажирани како наставен кадар во него. Јавните часови, годишните концерти, настапите на учениците – инструменталисти во различни пригоди овозможувале приближување на резултатите од јавноста.

Музичкото образование овозможило заживување на културната дејност во целиот град. Ристо Јуруков и културните дејци од Кочани, меѓу кои и Борис Стојчев – како режисер и актер, започнале да работат на подготовка на оперите. Јуруков со своите колеги бил одговорен за музичкиот дел. Учеството на учениците во хорот и оркестарот било масовно, а секоја премиера претставувала културен спектакл во Кочани

Директор на училиштето

М-р Елизабета Ѓеорѓиева родена на 21.08.1971 во Кочани. Каде што завршува основно и основно музичко училиште. Со средно образование се стекнува во ДМБУЦ „ Илија Николовски – Луј“ во Скопје – оддел пијано.

1998 год. завршува VII/1 степен на Педагошки факултет, насока одделенска настава при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. 2002 год.- завршува VII/1 степен на Факултетот за музичка уметност , насока – Вокално иструментален оддел – пијано при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. 2010 год. – магистрира на Факултетот за музичка уметност – оддел пијано, при Универзитетот „Кирил и Методиј“.

1
Вработени
1
Паралелки
1
Ученици

Откриj се во своето детство