ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани се најде на листата училишта на кои Министерството за образование и наука ги прифати апликациите по јавниот повик за реконструкција на објекти на основни училишта.
Во наредниот период, во училиштето ќе се изврши реконструкција на кровот и адаптација на тоалет за лица со посебни потреби, за што ќе бидат наменети близу 6 милиони и 200 илјади денари од Буџетот на Министерството за образование и наука.
Училиштето подолго време се соочува со дотраеност на кровот. Со новопроектираната состојба, се предвидува реконструкција на кровот на училиштето со нов кровен покривач од пластифициран ребрест лим. Реконструкцијата опфаќа и замена на прозорците на куполата со нови.
Со цел да се овозможи еднаков пристап во училиштето, ќе се изврши адаптација на еден од постојните тоалети за лица со посебни потреби, со потребните градежни позиции и соодветна санитарна опрема.