Согласно член 2 став (1) од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор, за овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување е назначен
Виктор Постолов – наставник по традициски инструменти
е-маил: viktorpostolov@yahoo.com
тел: 077 875 090
Спроведување на процедури за прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоци од пријави
Согласно Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор, овластеното лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување врши прием на пријави доставени од укажувач, поединечно или групно, во писмена форма доставени лично, преку електронско сандаче или усно со записник.
Заведувањето на примените пријави овластеното лице го врши со ставање посебен примен штембил и евидентирање во посебниот деловодник.
Доколку пријавата е добиена усно, овластеното лице составува записник во кој се содржани податоците согласно член 6 став (1) од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор. Податоците од усната пријава во содржината на записникот се потврдува со личен потпис на укажувачот и овластеното лице за прием на пријави доставени заради заштитено надворешно пријавување. Записникот се заведува како примена пријава.
Доколку пријавата е доставена по електронски пат, овластеното лице го печати записот кој одговара на пријава според содржината, и испечатеното со попишани прилози добиени во форма на електронски записи го заведува како примена пријава. Доколку печатењето на прилозите е неекономично, овластеното лице истите ги зачувува во електронска форма на посебниот компјутер обезбеден со лозинка позната само нему.
По приемот, овластеното лице ја заведува пријавата со сите прилози, ја разгледува и проучува содржината на пријавата и постапува согласно закон. Доколку овластеното лице утврди дека пријавата не претставува, односно не се однесува на пријава од укажувач, за истото веднаш во предметот става забелешка која ја евидентира во посебниот деловодник, задржува копија од предметот, а предметот со приложените документи во оригинал го доставува со пропратно писмо до писарницата на надлежната институција и доколку укажувачот е познат, го иавестува за преземените дејствија. Доколку пријавате е логична и разумна и претставува пријава од укажувач, овластеното лице донесува заклучоци за понатамошно постапување по пријавата.
За наводите од содржината на пријавата и заклучоците по истата ,овластеното лице без одлагање го известува раководното лице, освен во случаи кога пријавата е насочена против раководното лице.
Овластеното лица на барање на укажувачот го известува за текот и дејствијата кои се превземени при постапување по пријавата и му овозможува увид во списите на предметот, а доколку пристапот до информациите може да има штетни последици за текот на постапката, ги одделува тие информации и за тоа го известува укажувачот, а до останатиот дел од списите му овозможува увид. Овластеното лице, доколку укажувачот е познат, го известува за превземените мерки во врска со пријавата.