Новогодишен концерт 2019

Новогодишниот концерт по 18. пат ги испраќа сите најубави желби за годината што доаѓа. Децата од ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани, организирани и поддржани од наставниците, уметниците, родителите, граѓаните, Општината, спонзорите… во „Шеќерната приказна“ пеат за мир и љубов, за нивните слатки соништа…Нека допрат нивните благородни пораки до сите, заедно да градиме поубав свет!

“Уметноста е изработка на идеи. Страста, насилна или не, никогаш не смее да се изрази и да ја премине границата на вкусот. А музиката, дури и кога сме во најстрашни невољи никогаш не смее да задава болка во ушите, туку треба да ни годи и да не заведува.”
Волфганг Амадеус Моцарт.