Наставни програми
Ристо
Јуруков
Основното музичко образование може да биде со траење од девет, шест и три години, во зависност од инструментот кој се изучува. Во ООМУ „Ристо Јуруков“ се изучуваат две наставни програми:
- Деветгодишна програма – за инструментите ПИЈАНО и ВИОЛИНА
- Шестгодишна програма – за инструментите ГИТАРА, ФЛЕЈТА и ХАРМОНИКА
Програми
Деветгодишна програма
ДЕВЕТГОДИШНАТА ПРОГРАМА се остварува со ученици од шест до четиринаесет годишна возраст. Паралелно со задолжителното сновно, учениците го завршуваат и основното музичко образование.
Во оваа програма во ООМУ „Ристо Јуруков“ се опфатени инструментите пијано и виолина.
Во прво одделение учениците музички се описменуваат и се подготват за свирење на некој од застапените инструменти. Во второ одделение се распоредуваат на инструмент согласно нивната желба, афинитети и предиспозиции.
Според Наставен план во текот на деветгодишниот процес застапени се и други наставни предмети.
Шестгодишна програма
ШЕСТГОДИШНАТА ПРОГРАМА се остварува со ученици од девет до четиринаесет годишна возраст. Со оваа програма се опфатени инструментите флејта, хармоника, гитара, традициски инструменти.
За изучување на овие инструменти потребна е поголема возраст заради физичкиот раст и биолошките предиспозиции кај учениците.
Во прво одделение учениците учат само солфеж со елементарна теорија на музиката со цел музички да се описменат, заради поуспешна понатамошна реализација на наставата по инструмент.
Изучувањето на инструментот започнува од втората година на учење и во текот на целото образование се развиваат и усовршуваат техниките на свирење.