На радост на сите нас, учениците и вработените во ООМУ “Ристо Јуруков” Кочани, во нашите простории својот дом го најде полуконцертното пијаното Ritmüller GH 160. Благодарение на градоначалникот Николчо Илијев и Локалната самоуправа на Општина Кочани, по долги години нашиот сон стана реалност. Поттик повеќе за сите млади и професионални уметници за концертирање во својот роден град, а воедно и подобри услови за подигање на културата во Општината. А Вие, наши верни поддржувачи, ќе бидете сведоци на многу културни настани кои до сега беа ускратени поради недостатокот на ваков инструмент во општината.