Новогодишниот концерт по 18. пат ги испраќа сите најубави желби за годината што доаѓа. Децата од ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани, организирани и поддржани од наставниците, уметниците, родителите, граѓаните, Општината, спонзорите… во „Шеќерната приказна“ пеат за мир и љубов, за нивните слатки соништа…Нека допрат нивните благородни пораки до сите, заедно да градиме поубав свет!