Согласно обврските што произлегуваат од член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019), службено лице за посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер на имателот на информации ООMУ „Ристо Јуруков“ Кочани е лицето
Љупчо Ѓорѓијев – наставник по солфеж и теорија на музиката
тел: 078 230 787
е-маил ljupco_korg@yahoo.com
Начин на поднесување на барање за пристап до информации
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создава или со кои располага, а согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со исклучок на информациите наведени во член 6 од истиот Закон.
Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.
Барањето може да се поднесе:
• писмено – до архивата на ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани;
• по пошта – на адреса ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани, ОМ на АСНОМ бр.4, 2300 Кочани и
• во електронска форма на е-маил: ljupco_korg@yahoo.com.
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето. Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно. Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.
Барањето исто така може да се достави во онлајн формат на https://slobodenpristap.mk/
За сите прашања поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, подносителот на барањето може да се информира кај службеното лице Љупчо Ѓорѓијев.
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Агенција за заштита на правото за слободен пристап на информациите од јавен карактер https://aspi.mk/